вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Американскиот државен секретар за фотографиите од Буча: Не смееме да го нормализираме ова

Американскиот државен секретар за фотографиите од Буча: Не смееме да го нормализираме ова

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека фотографиите од големиот број Украинци убиени во Буча се ужасни и дека оние што ги извршиле тие убиства ќе одговараат за воени злосторства.

– Не смееме да го нормализираме ова. Ова е реалноста на она што се случува секој ден додека руската бруталност над Украина продолжува, изјави Блинкен за Си-Ен-Ен.

Тој истакна дека се ќе се истражи и ќе се стави на едно на место „за да се увериме дека релевантните институции и организации ќе го проверат тоа, вклучително и Стејт департментот“. (МИА)