петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Американскиот конгрес го изгласа 19 јуни за празник за сеќавање на крајот на ропството

Американскиот конгрес го изгласа 19 јуни за празник за сеќавање на крајот на ропството

Американскиот Конгрес го усвои предлог-законот според кој 19 јуни е прогласен за празник во спомен на крајот на ропството и заминувањето на последните робови во 1865 година во државата Тексас.

Претставничкиот дом на Конгресот го усвои нацрт-законот доцна синоќа со 415 гласа и 14 против, а Сенатот го направи тоа едногласно.

И порано имаше барања овој ден да биде прогласен за празник, но тие станаа почести по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше убиен на 25 мај 2020 година од бел полицаец.

-Датумот 19 јуни не потсетува на историјата извалкана од бруталност и неправда, но, исто така, и на одговорноста што мора да ја имаме за да имаме иднина на напредокот, почитувајќи ја еднаквоста, рече спикерот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси.

И американскиот претседател Џо Бајден треба да го потпише овој нов закон.