Американските законодавци постигнаа договор вреден 1,5 трилиони долари за финансирање на федералната влада во фискалната 2022 година, кој предвидува и 13,6 милијарди долари безбедносна и хуманитарна помош за Украина и 15,6 милијарди долари за борба против КОВИД-19.
Демократката Роса ДеЛауро изјави дека планот вклучува 730 милијарди долари за цивилна и 782 милијарди долари за одбранбени цели.
„Овој двопартиски договор ќе ни помогне во соочувањето со многу големи предизвици со кои се соочуваме дома и во странство: од КОВИД-19, нападот на Украина, до трошоци за американските семејства“, заедно објавија претседателката на претставничкиот дом Ненси Пелоси и лидерот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер.
Планот ќе го зголеми финансирањето на внатрешните приоритети како што е подобрување на инфраструктурата од мостови, патишта и интернет поврзаност, а се планираат и нови заштитни механизми од кибер напади од Русија и други земји. (МИА)