Рејтингот на американскиот претседател Џо Бајден бележи раст откако во текот на летото достигна најниско ниво, покажуваат резултатите од анкетата на Центарот за истражување на јавните прашања на Асошиејтед прес и Националниот центар за истражување на мислењето.
Поддршката за Бајден е зголемена на 45 проценти, додека во јули изнесуваше 36 отсто. Растот главно се должи на неговата популарност помеѓу демократите пред среднорочните избори за Конгресот, што ќе се одржат во ноември.
Анкетата покажува дека 53 отсто од Американците не се задоволни од економската политиката на Бајден.
Според резултатите зголемена е и поддршката за Бајден кај демократите, всушност 78 проценти од испитаниците изјавиле дека се задоволни од работата на претседателот, а во јули поддршка му дале 65 отсто.
Во моментов, рејтингот на Бајден е сличен на оној од првиот квартал од годината, откако не надмина 40 отсто во мај, јуни и јули. Сепак, неговата популарност сè уште не е на нивото на почетокот на неговото претседателствување, кога во првите шест месеци од неговиот мандат имаше поддршка од 60 проценти од Американците.