Производителот на вакцини АстраЗенека одби да се сретне со највисоките претставници на ЕУ за да разговара за проблемите со производството на вакцини против коронавирус.
Средбата беше откажана по експлозивното интервју на извршниот директор на „АстраЗенека“, Паскал Сорао, кој рече дека компанијата нема договорна обврска, но се согласила „да даде се од себе“ и да ја снабди ЕУ со својата вакцина.
Наместо состанокот што беше планиран вечерва, компанијата писмено ќе одговори на еврокомесарката Стела Киријакидес, која побара објаснување од „АстраЗенека“ зошто доцни со испорака и производство на вакцини.