Во два, речиси симултани, напади на талибанци во авганистанската провинција Бадгис убиени се најмалку 14 војници и полицајци, соопштија авганистански официјални претставници.
Заменикот на регионалниот шеф на полицијата Гилам Сарвар изјави дека голем број на бунтовници нападнале единица на војската во регионот Аб Камари, при што биле убиени девет војници
Спред него, другата група бунтовници нападнала речиси исто време полиција во округот Кадис, и убила пет полицајци.
Портпаролот на гувернерот на провинцијата го потврди билансот на мртвите. Никој не ја презема одговорноста за нападите, но Хајдари за нив ги обвини талибанците, кои се активни во провинцијата Бадгис и кои ги засилија нападите врз авганистанските безбедносни сили ширум провинцијата.
Бобмаш самоубиец од ИД вчера го нападна Центарот за регистрација на гласачи во главниот град на Авганистан, Кабул, во кој загинаа 57 лица.
МИА