Врховниот лидер на Авганистан и шеф на талибанците денеска им нареди на жените во земјата да носат бурка на јавни места, што ќе го покрива целото тело. Тоа е една од најстрогите мерки за контрола врз животот на жените откако талибанците ја презедоа власта.
– Тие мора да носат чадори (бурки од глава до пети) како знак на поддршка и почитување на традицијата, се наведува во декретот издаден од лидерот Хибатула Ахунџада, што талибанците го објавија на церемонија во Кабул.