сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Австралиските власти повторно побараа евакуација поради опасност од нови пожари

Австралиските власти повторно побараа евакуација поради опасност од нови пожари

Австралиските власти денеска побараа уште една масовна евакуација од густо населениот југоисточен дел на земјата, со оглед на тоа што високите температури што се очекуваат наредните денови можат да предизвикаат големи пожари кои им се закануваат на неколку градови и заедници.

Премиерот на државата Викторија, Даниел Ендрјус ги повика заедниците да бидат во состојба на готовност во пресрет на екстремните услови.

– Ако добиете инструкции да заминете, тогаш мора да заминете. Тоа е единствениот начин да се гарантира вашата безбедност, истакна Ендрјус.

Денеска повторно беа евакуирани делови од Островот на кенгурите, туристичко место богато со животински свет, во близина на југоисточниот брег.

– Ги повикувам сите да внимаваат на предупредувањата, да ги следат советите и да се упатат кон источниот дел на островот, за кој се смета дека е безбеден во овој момент, рече началникот на противпожарната служба на јужна Австралија, Марк Џонс.