Австралија изрази загриженост за хакерските напади на кибер-криминалците, честопати со поддршка на некои влади, врз болници и други здравствени и истражувачки установи ангажирани да бараат одговори на пандемијата на коронавирусот.
„Владата е загрижена што злонамерните кибер актери се обидуваат да ја искористат пандемијата за свои цели“, се вели во заедничката изјава на австралиското МНР и Центарот за трговска и кибер безбедност.
„Австралиската Цлада ги повикува сите земји веднаш да престанат со сите кибер активности – или поддршка за тие активности“, се вели во изјавата без да се прецизира за кои земји тоа се однесува.