Австриското Здружение на трговци соопшти дека по укинувањето на рестриктивните мерки воведени поради Ковид-19 ќе уследи голем бран на распродажби, посебно во конфенциската индустрија.
Здружението истакнува дека во магацините на синџирите за продажба на облека има повеќе од 50 милиони непродадени артикли, кои по укинувањето на мерките мора да се продадат. Продавниците за облека и чевли наведуваат дека поради карантинот имаат загуба од речиси шест милијарди евра.
Здружението на трговци истакнува и дека во моментот загрозени се 45.000 работни места.
– Голем број трговци ќе мора да ги продаваат натрупаните производите под цена. Тоа што е преостанато од зимската стока ќе бидат продавано во „аутлет“ продавниците или ќе биде донирано во хуманитарните институции, изјави претседателот на Здружението, Рајнер Вил.
Здружението на трговци бара итна помош од австриската Влада и очекува трошоците за сезонската стоа да бидат надоместени од буџетот во висина од 90 отсто.