четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Австрија ја објави листата на дефицитарни професии

Австрија ја објави листата на дефицитарни професии

Австриското Министерство за труд и социјални прашања објави листа на дефицитарни работни профили за 2020 година, врз чија основа би можела да се доведе странска работна сила.

На листата на сојузно ниво наведено е дека недостигаат 54 профили на пазарот на трудот – од дипломирани негователки, готвачи, машиновозачи, ѕидари, до столари.

Во секоја покраина има недостиг од различни работници, така во Корушка недостигаат фризери, во Долна Австрија – стаклари, во Горна Австрија – месари, во Салцбург – молери, во Штајерска – шпедитери, а Тирол и Форарлберг се соочуваат со недостиг на хотелски работници.

Келнери недостигаат во Горна Австрија, Салцбург, Тирол и Форалберг, а фризерите се дефицитарни дури во шест покраини.

Виена и Бургенланд се единствени покраини кои немаат посебна листа со дефицитарни профили на работници