петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Австрија нема да ја користи „Спутник V“ без одобрение од ЕМА

Австрија нема да ја користи „Спутник V“ без одобрение од ЕМА

Австрија нема да ја користи руската вакцина „Спутник V“ сè додека не биде одобрена од Европската агенција за лекови (ЕМА), изјави австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Земјата преговара со Русија за купување на еден милион дози, но нарачката сè уште не е објавена.

Досега Курц одбиваше да каже дали земјата ќе чека одобрување од ЕМА или ќе се однесува како Унгарија, која ја користи руската вакцина без одобрение од агенцијата.

Унгарија е единствената земја-членка на ЕУ што ја користи руската вакцина, а и Словачка нарача дози.

– Се надеваме на брзо одобрување од ЕМА, бидејќи секоја дополнителна доза вакцина ќе помогне да се спасат животи, рече Курц и додаде дека Владата се согласила да го нарача лекот.