Австрија протерува четворица руски дипломати поради наводно однесување кое не е во согласност со меѓународните договори, соопшти денеска австриското Министерство за надворешни работи.
Двајца од четворицата дипломати беа прогласени за персона нон грата и им било наредено да ја напуштат државата до 8 февруари.
Тие работеле во руската амбасада во Австрија, додека другите двајца работеле во руската мисија во Обединетите нации во Виена, соопшти австриското МНР.
Постапувањето на начин кој не е во согласност со меѓународните договори е причина што често се наведува во случаите на шпионажа.