Австрија првпат донесе одлука да прогласи руски дипломат за „персона нон грата“ и побара до 1 септември да ја напушти Австрија, што претставува врвот на шпионската афера, која австриските експерти ја сметаат за многу тешка.
Рускиот дипломат е осомничен дека со години се занимавал со економска шпионажа, првенствено со хај-тек компании.
Аферата е откриена откако на неговата врска, еден Австриец, оваа соработка му станала претешка и случајот го пријавил кај својот шеф.
За време на судењето Русинот се повика на дипломатски имунитет и одби да даде изјава. (МИА)