четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Австрија воведува контроли на границата со Чешка поради бранот илегални мигранти

Австрија воведува контроли на границата со Чешка поради бранот илегални мигранти

Австрија денеска ќе воведе стационарни контроли на границата со Чешка, со цел да се спречи приливот на илегални мигранти, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Потегот е преземен откако Германија пред два дена најави гранични контроли со Чешка, Полска и Швајцарија за да се справи со приливот на илегалните мигранти.

Новите контроли на чешката граница ќе бидат во сила најмалку 10 дена.