понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Австрија забрани пушење во сите угостителски објекти

Австрија забрани пушење во сите угостителски објекти

Австрискиот парламент, на летната сесија, последна пред предвремените избори, по долгата и емотивна дебата, донесе одлука за забрана за пушење во сите угостителски објекти и објекти каде што се консумира храна. Одлуката ќе стапи на сила на 1 ноември.

Забраната важи и за фестивали организирани од клубови кои претходно биле исклучени од забраната, а пушењето ќе биде дозволено само во кафулиња и слични простори на отворено.

Не се забранува само пушење „класични цигари и пури”, туку и електронски цигари.

Само Партијата на слободата на Австрија (ФПО), која секогаш се спротивставува на оваа забрана, гласаше против законот.