сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Австриската полиција уапси 30 исламисти

Австриската полиција уапси 30 исламисти

Австриската полиција утрово спроведе акција во четири провинции против луѓе и здруженија кои ги поддржуваат Муслиманското братство и Хамас.

Државното обвинителство во Грац нареди истрага против 70 осомничени, а како резултат на таа акција извршени се претреси во 60 станови, куќи, деловни простории и просториите на здруженија.

По претресите уапсени се 30 лица, односно биле приведени на итно сослушување.

Обвинителството во Грац соопшти дека спроведува истрага против повеќе од 70 осомничени и неколку здруженија и компании, под сомнение за терористичко здружување, финансирање тероризам, здружување против безбедноста на земјата и криминална организација и перење пари.

Истакнато е дека оваа акција нема никаква врска со терористичкиот напад во Виена на 2 ноември, туку дека станува збор за акција спроведена врз основа на сеопфатна и интензивна едногодишна истрага. (МИА)