недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Автобус експлодира во центарот на Стокхолм (ВИДЕО)

Автобус експлодира во центарот на Стокхолм (ВИДЕО)

Во центарот на Стокхолм денеска експлодирал автобус, засега не е познато дали има повредени во експлозијата, соопшти Службата за вонредни состојби.

Во соопштението на пожарникарите се наведува дека експлозијата се случила во населбата Кларатунелн во центарот на Стокхолм и дека по експлозијата автобусот изгорел.

Столб од црн чад бил видлив од сите делови на шведската престолнина.

-Прво се слушна силна експлозија, потоа уште неколку помали, изјавил еден очевидец на инцидентот за локалните медиуми.

Веднаш по инцидентот шведската полиција ги блокирала населбите Кларатунелн и Тегебакен.