Автобус полн со бегалци од Украина се превртел рано утринава на место недалеку од Лублин. Локалните медиуми јавуваат дека најмалку четири деца се повредени и тие итно се пренесени во болница.
-Автобусот одел во правец на Варшава кога наеднаш излетал од патот во ендек и се превртел – соопшти локалната полиција.
Во автобусот имало 73 лица, меѓу кои и двајца возачи.
Најмалку пет патници се пренесени во болница.
– Направен е алкотест на возачот и немал алкохол во крвта – соопштија од полицијата.
Да потсетиме, околу половина милион луѓе побегнаа од Украина во Полска во последните осум дена.