петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Искуства на бегалци и лица без државјанство во фокусот на театарската претстава „Види, летам!“

Искуства на бегалци и лица без државјанство во фокусот на театарската претстава „Види, летам!“

Вондерленд театарот го претставува својот најнов театарски проект, „Види, летам!“, чијашто премиера е закажана за 7 ноември  во Македонски Народен Театар (МНТ) со почеток во 19:00 часот во Скопје.

Како што информираат од Вондерленд театар, претставата е изработена од драматургот Ана Трпеноска, а продукцијата ја црпи својата инспирација од автентичните наративи, искази и приказни на луѓето со кои и за кои работи УНХЦР. Овие лица храбро ги споделија своите искуства анонимно за време на работилниците, предводени  од тимот на Вондерленд театар.

Проектот е во режија на Ивана Ангеловска, под креативно водство на уметничкиот координатор Нела Витошевиќ, а улогите ги толкуваат Никола Настоски, Исмет Шабановиќ, Ана Димитрова, Леонардо Лазов и Драгана Костадиновска.

„Види, летам“ на Вондрленд театар е поддржан од Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНЦХР) и Младинскиот образовен форум (МОФ), и е фокусиран на бегалците и лицата без државјанство. Со доближување на овие важни човечки приказни, продукцијата има за цел да поттикне подлабоко разбирање и поврзување во заедницата.

По премиерата претставата ќе гостува во Тетово, Штип, Куманово и Гевгелија, а резервација за билетите може да се направи на следниот линк: https://www.wonderlandtheatre.org/event-details/vidi-letam

Главните  цели на театарското друштво се инспиративна промена, постојано придвижување на стандардите на стандардите и внесување свежина на независната уметничка сцена. (МИА)