Повеќе противвоздушни ракети „Стрела“ се на пат кон Украина од Германија, изјави во средата во Берлин германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок.
„Понатамошни испораки на Стрела се на пат“, изјави таа пред германските законодавци.
Украина досега доби 500 противвоздушни ракети „Стрела“ од Германија, од вкупно очекуваните 2.700.
Берлин сега е еден од најголемите снабдувачи на Киев со оружје, изјави Баербок. „Тоа не е нешто што не прави горди, но тоа е нешто што мораме да го направиме да и помогнеме на Украина“. (МИА)