понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Бајден ги посети американските војници во Полска, во близина на границата со Украина

Бајден ги посети американските војници во Полска, во близина на границата со Украина

Американскиот претседателот Џо Бајден ги посети американските војници во близина на полската граница со Украина поради сигналите од Русија дека Кремљ ги намалил своите цели во својот неиспровоциран напад врз Украина, за да се концентрира на територијата на која се сепаратистите поддржани од Русија.

Бајден се ракуваше со десетици војници за време на денешната ненадејна посета во градот Жешов, на околу 150 километри од воената база во западниот украински град Јаворив, која беше опустошена на 13 март од руски воздушни напади.

Полска е домаќин на илјадници американски војници стационирани таму како дел од борбената група на НАТО. Оваа земја досега има примено повеќе од 2 милиони украински бегалци откако Русија ја започна својата инвазија на Украина на 24 февруари.

Бајден пристигна во Полска од Брисел, каде што заедно со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен објавија договор за течен природен гас (ЛНГ) поради напорите на ЕУ да се одвикне од увозот на руски гас.

Борбите натераа речиси 4 милиони цивили да избегаат од Украина, додека десетици илјади други сè уште се заглавени во градовите без основни услови за живот и со се помали резерви на храна.

Руското Министерство за одбрана на денеска соопшти дека првата фаза од операцијата е главно завршена и дека сега ќе се фокусира на „ослободување“ на два источни региони преземени од сепаратистите поддржани од Русија.