вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бајден го честиташе Денот на државноста на БиХ

Бајден го честиташе Денот на државноста на БиХ

Американскиот претседател Џо Бајден упати честитки до народот и членовите на Претседателството на БиХ по повод одбележувањето на Денот на државноста на БиХ.

„САД силно го поддржуваат суверенитетот, територијалниот интегритет и мултиетничкиот карактер на Босна и Херцеговина. Ги повикуваме лидерите на Босна и Херцеговина да ги остават своите разлики настрана и да работат на изградба на подобра иднина за народите што ги претставуваат“, напиша Бајден во писмото до новоизбраните членови на Претседателството на БиХ Денис Беќировиќ, Жељка Цвијановиќ и Жељко Комшиќ.

Ова, како што наведе, вклучува брзо формирање влада на сите нивоа и спроведување на реформите неопходни за обезбедување на местото на Босна и Херцеговина во евроатлантската заедница на народи.

Тој изјави и дека со нетрпение ја очекува следната година кога се во прашање односите меѓу двете земји.

„Во годината што претстои, со нетрпение очекувам да го зајакнеме пријателството меѓу нашиот народ и да ја продлабочиме нашата соработка, вклучувајќи ја безбедноста, енергетската диверзификација и борбата против корупцијата. САД ќе продолжат да го поддржуваат мирот, безбедноста и просперитетот во Босна и Херцеговина за сите нејзини граѓани“, наведе Бајден. (МИА)