четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бајден го именуваше адвокатот Хавиер Бекер за министер за здравство

Бајден го именуваше адвокатот Хавиер Бекер за министер за здравство

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден (72) го номинираше калифорнискиот адвокат Хавиер Бекер за министер за здравство, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на свои извори.

Британските медиуми известуваат дека Бекер, кој е и поранешен конгресмен, ќе го преземе здравствениот сектор, што се бори со зголемувањето на бројот на лица кои се зафатени од коронавирусот, како и на бројот на смртни случаи, што само во последните неколку дена надмина 2.000.

Изборот на Бекер, кој има латиноамериканско потекло и беше потенцијален кандидат и за други позиции, вклучувајќи ја и функцијата државен обвинител, следеше по притисокот врз Бајден да внесе поголема етничка разноликост во неговиот кабинет, наведуваат британските медиуми.

Меѓу тие притисоци беше и поплаката од Конгресниот латино кокус за недостаток на Латиноамериканци во федералната извршна власт, додаваат британските медиуми.