четврток, 29. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Бајден и Џонсон разговараа за Авганистан пред утрешниот Самит на Г-7

Бајден и Џонсон разговараа за Авганистан пред утрешниот Самит на Г-7

Американскиот претседател Џо Бајден и британскиот премиер Борис Џонсон денеска телефонски разговараа за напредокот во евакуацијата на авганистанските граѓани, како и за претстојниот самит на Г7. Ова се наведува во соопштението од Белата куќа.

„Претседателот Џо Бајден и британскиот премиер Борис Џонсон денеска разговараа за Авганистан. Тие разговараа за тековните напори на нашиот дипломатски и воен персонал да ги евакуира своите граѓани, локалниот персонал и другите ранливи Авганистанци”, се вели во соопштението.

Се истакнува дека тие разговарале и за „утрешните планови за виртуелна средба на лидерите од Г-7, нагласувајќи ја важноста од тесна координација со сојузниците и партнерите во решавањето на моменталната ситуација и формирање заеднички пристап кон политиката кон Авганистан“.