Американскиот претседател Џозеф Бајден и канадскиот премиер Џастин Трудо се согласија дека Русија е целосно одговорна за нејзината инвазија врз Украина и за натамошните напори за обезбедување безбедносна помош за Киев, соопшти Белата куќа.
Двајцата лидери во вчерашниот телефонски разговор се осврнале и на претстојното учество на Самитот на Америка, што е планирано за јуни во Лос Анџелес, се наведува во соопштението.
Бајден вчера разговараше и со германскиот канцелар Олаф Шолц, изразувајќи согласност дека нема да признаат никакви руски „територијални придобивки“ во Украина, изјави портпарол на германската Влада.