вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бајден има намера да го признае геноцидот врз Ерменците во Отоманската империја

Бајден има намера да го признае геноцидот врз Ерменците во Отоманската империја

Американскиот претседател Џо Бајден има намера официјално да го признае геноцидот врз Ерменците во Отоманската империја, од почетокот на дваесеттиот век, јави „Волстрит журнал“, цитиран од Тасс.

Претседателот Бајден се очекува изјавата да ја даде в сабота, на 24 април, денот кога Ерменија секоја година го слави Денот на сеќавањето на жртвите на ерменскиот геноцид.

Истовремено, извори на весникот забележуваат дека конечната одлука се уште не е донесена и Бајден може да се ограничи само на изјава во која нема да има официјално признавање на геноцидот.