Американскиот претседател Џо Бајден најави дека ќе им ги „прости“ студентските долгови до 10.000 долари на милиони млади Американци, чија заработка годишно не надминува 125.000 долари.
Како што се наведува во соопштението на Белата куќа, Бајден ќе „прости“ 20.000 долари долг на оние студенти кои користеле таканаречени Пел грантови, а 10.000 на други студенти.
„Простувањето“ долгови ќе ги чини САД околу 300 милијарди долари. (МИА)