Американскиот претседател Џо Бајден попладнево ќе разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопшти Белата куќа.
Повикот е закажан за 10:45 часот по локлано време во Вашингтон „да разговараме за нашата континуирана поддршка за Украина поради руската агресија“.
Повикот доаѓа еден ден откако Бајден и други американски претставници изразија екстремна претпазливост на сигналите дека Русија ги намалува своите воени операции во близина на Киев, сугерирајќи дека чекаат да видат посилни знаци на деескалација пред да направат проценка за намерите на Москва.
Бајден истакна дека во меѓувреме, САД ќе продолжат да ги „држат силни санкциите“. (МИА)