среда, 17. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Бајден на молитвениот појадок повика на единство

Бајден на молитвениот појадок повика на единство

Американскиот претседател Џо Бајден, во денешниот говор што го одржа на традиционалниот молитвен појадок во Вашингтон, апелираше на единство, посебно помеѓу демократите и републиканците во Конгресот.

-Во нашата политика и во нашите животи, премногу често се гледаме едни со други како непријатели, а не како пријатели. Колку и да се тешки времињата, ако погледнеме поблиску, можеме да ја видиме силата и решителноста што долго ја дефинираше Америка, посочи Бајден.

Молитвениот појадок се одржа во Центарот за посетители во Конгресот, на кој учествуваа 1.300 гости.