Американскиот претседател Џо Бајден најави дека „наскоро“ ќе отпатува за Виетнам затоа што земјата сака да ги зајакне односите со САД и да стане нивни партнер.
Бајден ја даде изјавата на политички собир за средства во Ново Мексико. Запрашан за најавата на Бајден, портпаролот на Белата куќа рече дека „во овој момент нема повеќе ништо да се сподели“.
На состанокот во април, виетнамскиот премиер Фам Мин Чин и американскиот државен секретар Антони Блинкен изразија желба да ги продлабочат врските додека Вашингтон се обидува да ги зацврсти односите со партнерите во Азија за да се спротивстави на Кина. (МИА)