среда, 13. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Бајден наложи преглед на голем број документи за нападите од 11 септември

Бајден наложи преглед на голем број документи за нападите од 11 септември

Американскиот претседател Џо Бајден потпиша указ за преглед на некои владини документи, поврзани со нападите од 11 септември 2001 година, со цел нивна евентуална декласификација, соопшти прес-службата на Белата куќа.

-Информациите собрани и акумулирани за време на истрагата за терористичките напади од 11 септември од американската администрација, сега мора да бидат откриени, освен ако нема посериозни причини, кои го тврдат спротивното, се наведува во декретот.

Во текстот се наведуваат документите кои треба да се разгледаат. По завршувањето, министерот за правда на САД, кој е и главен обвинител на земјата, мора да му достави извештај на претседателот по консултација со раководители на други оддели.

Документите кои треба да се декласифицираат мора да бидат јавно објавени во рок од шест месеци. (МИА)