Американскиот претседател Џозеф Бајден одобри нов пакет воена помош за Украина од 300 милиони долари, кој вклучува дополнителна муниција за дронови и друго оружје, соопштија синоќа американските власти.
Новиот пакет вклучува муниција за украинската одбрана од руски напади врз Киев од воздух: за ракетни батерии Патриот, за ракетни системи со висока подвижност (Химарс), како и за противвоздушни одбранбени системи Авенџер и Стингер.
Помошта вклучува и опрема за отстранување мини, противтенковски гранати, ненаведувани ракети Зуни, опрема за ноќно гледање и околу 30 милиони парчиња малокалибарско оружје. На списокот се наоѓа и необјавена количина на други видови муниција.