вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

БАЈДЕН ПРИСТИГНА ВО ПОЛСКА: Авионот на претседателот Анджеј Дуда мораше присилно да слета!

БАЈДЕН ПРИСТИГНА ВО ПОЛСКА: Авионот на претседателот Анджеј Дуда мораше присилно да слета!

Американскиот претседател Џозеф Бајден пристигна во Полска, а неговиот авион слета на аеродромот кај Жешов, на 100 километри од украинската граница.

Овде, придружуван од полскиот претседател, ќе се сретне со американски војници од 82-та воздушнодесантна дивизија, која неодамна беше распоредена во Полска.

Авионот на полскиот претседател Анджеј Дуда, кој летал за Жешов во близина на украинската граница, каде што требало да се сретне со Бајден, присилно слетал во Варшава, соопштија од неговиот кабинет. Од неговиот кабинет соопштија и дека се подготвува резервен авион кој ќе го однесе до местото на средбата со американскиот претседател.