Русија продолжува да се обидува да се меша во изборите во САД закажани за ноември, нагласи најверојатниот кандидат за претседател на Демократската партија, Џо Бајден.
Бајден, кој рече дека почнал да прима брифинзи од разузнавањето, увери дека „Русите се уште се обидуваат да го делегитимизираат нашиот изборен процес“.
Кина, од своја страна, работи на „губење на довербата во изборниот резултат“, им нагласи тој на приврзаници за време на настан за собирање средства преку интернет за неговата изборна кампања.
Бајден предупреди дека ако Русија продолжи да се меша во изборите и тој биде избран за претседател на САД, ќе ги натера „да платат вистинска цена“.
Не е јасно кога Бајден започнал да прима извештаи од американското разузнавање, вообичаена практика за кандидати за претседател на најголемите партии.