понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Бајден: Русија треба да биде исклучена од Г-20 како одговор на војната во Украина

Бајден: Русија треба да биде исклучена од Г-20 како одговор на војната во Украина

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Русија треба да биде исклучена од Групата 20 индустриски најразвиени земји и економии во светот поради нејзината воена агресија врз Украина.

Зборувајќи на самитот на Г7 во Брисел, Бајден кажа дека западните лидери денеска разговарале и за оваа тема, но не е познато дали сите 20 земји ќе се согласат на тоа.

-Мојот одговор е да, рече американскиот претседател на прашањето дали Русија треба да биде исклучена од Г20, пренесуваат британските медиуми.

Бајден додаде дека на Украина треба да и се дозволи да присуствува на состаноците на Г-20.  (МИА)