сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бајден, се уште не одлучил за кандидат за директор на Централната разузнавачка агенција

Бајден, се уште не одлучил за кандидат за директор на Централната разузнавачка агенција

Новоизбраниот претседател на САД, демократот Џозеф Бајден, се уште не одлучил за кандидат за директор на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) и ќе го објави името дури по Божиќните празници, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на свои извори.

Според тие извори, списокот на најверојатни кандидати за функцијата директор на ЦИА е корегиран.

На списокот се уште е Дејвид Коен, кој претходно се занимаваше со вмешаност на Русија во изборите во САД и подготовка на антируски санкции, Том Донилијан, кој работеше како помошник за национална безбедност на претседателот Обама, поранешната советничка Лиза Монако и поранешниот заменик-началник на ЦИА, Дарел Блокер.

Исклучен од списокот е Мајкл Морел, кој беше заменик директор на ЦИА и двапати беше на чело на агенцијата. Морел во минатото зборуваше за програми што вклучуваат тортура.

Бајден се уште нема номинирано низа други позиции во неговата администрација. Овие вклучуваат позиции на министри за правда, труд и трговија.