четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бајден со честитки за Велигден до православните христијани

Бајден со честитки за Велигден до православните христијани

Американскиот претседател Џо Бајден, oд патување во северозападниот дел на САД испрати честитки за Велигден до православните христијани, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

-Заедно со Џил испраќаме топли поздрави до сите наши пријатели од православната заедница кои денеска го слават Велигден, напиша тој на Твитер.

-Се радуваме со вас по повод Воскресението на Исус Христос и триумфот на светлината над темнината. Нека мирот на Христос биде со вас денеска и засекогаш, порача Бајден.

Претседателот викендов беше на митинзи во државите од северозападниот, тихоокеански дел на САД.

Oд Портленд, Орегон и Сиетл, Вашингтон, тoj соопшти за нови социјални планови за намалување на трошоците на американските семејства, справување со климатските промени, изградба и обнова на инфраструктура на САД и зајакнување на сојузното земјиште за поголема отпорност од шумски пожари.  (МИА)