Американскиот претседател Џо Бајден ја осуди објавата на Русија дека анектирала четири региони на Украина и нагласи дека Москва го прекршува меѓународното право.
„САД го осудуваат денешниот измамнички обид на Русија за анексија на суверена украинска територија. Русија го крши меѓународното право, ја гази Повелбата на Обединетите нации и насекаде го покажува својот презир кон мирните нации“, наведе Бајден во изјавата. (МИА)