Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе ја посети Флорида, седум дена пред среднорочните избори, со цел да учествува во кампањата на демократскиот кандидат и да се спротивстави на републиканскиот гувернер на Флорида, Рон ДеСантис, кој може да му биде противник и на претседателските избори.
Во неговиот прв политички настан во државата кад загуби во 2020 година, Бајден ќе го поддржи демократскиот кандидат за гувернер, Чарли Крист. Од друга страна, цел на претседателот заедно со ДеСантис, ќе биде републиканскиот сенатор на Флорида, Рик Скот.
Се очекува претседателот да го изведе досега најостриот напад врз ДеСантис, тврдат претставници на администрацијата. Бајден и ДеСантис имаа конфликт за повеќе прашања, меѓу нив и за вакцини против Ковид-19, абортус и права на ЛГБТК+ заедницата.
Бајден минатиот месец се сретна со ДеСантис за време на патувањето на Флорида, со цел да го процени уништувањето од ураганот „Ијан“. (МИА)