сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бајден во посета на Северна Ирска и Ирска

Бајден во посета на Северна Ирска и Ирска

Американскиот претседател Џо Бајден денеска пристигнува во посета на Северна Ирска. Тој денеска и утре ќе биде во Белфаст, во момент кога Северна Ирска одбележува 25 години од мировниот договор со кој заврши 30-годишниот конфликт.

Бајден, кој со децении е познат по своите проирски ставови, утре ќе зборува со претставници на сите политички партии и ќе одржи говор на Универзитетот во Алстер.

Ова е прва посета на американски шеф на држава на Северна Ирска во последните 10 години.

По Северна Ирска, Бајден ќе ја посети Ирска, каде ќе разговара за блиската билатерална соработка за низа глобални прашања

Бајден има ирски корени. Неговиот пра-прадедо по мајка, Џејмс Финеган, емигрирал од Ирска во САД во годините на глад од ​​1845-1852 година, во кои над милион луѓе умреле од глад на островот.