Американскиот претседател Џо Бајден официјално воведе санкции за компанијата „Северен тек 2“ АГ, која е регистрирана во Швајцарија и е филијала на рускиот гасен гигант „Газпром“.
„Овој потег е нов чекор во нашиот првичен пакет санкции што ги воведуваме како одговор на потезите на Русија во Украина. Јасно кажав дека нема да се двоумиме да повлечеме дополнителни потези доколку Русија продолжи да ја ескалира ситуацијата“, рече Бајден во соопштение.
Американскиот претседател повторно ја поздрави одлуката на германскиот канцелар Олаф Шолц да го блокира проектот на гасоводот.