среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Барние: Следните неколку дена се важни за договорот со Лондон

Барние: Следните неколку дена се важни за договорот со Лондон

Главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние изјави дека следните неколку дена ќе бидат важни доколку се сака договорот со Велика Британија да стапи во сила на 1 јануари 2021 година.

– Наша одговорност е на овие разговори да им ја дадеме секоја можна шанса за успех. Никогаш порано не се преговарало за таков сеопфатен договор на толку транспарентен начин и за толку кратко време, напиша Барние на Твитер.

Откако претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и британскиот премиер Борис Џонсон вчера се согласија да продолжат преговорите и напорите за постигнување решение за идните односи со Велика Британија и после претходно утврдениот „краен рок“ за договор, Барние утрово ги информираше претставниците на земјите-членки на ЕУ за моменталната состојба во преговорите.

Разговорите меѓу главните преговарачи на Брисел и Лондон, Мишел Барние и Дејвид Фрост, продолжуваат денеска во Брисел.