петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бејрут: Либан ќе упати протест против Израел пред Советот за безбедност на ОН

Бејрут: Либан ќе упати протест против Израел пред Советот за безбедност на ОН

Либан ќе упати остар протест против Израел пред Советот за безбедност на ОН, соопшти вршителот на должноста либански премиер Наџиб Микати.

– Либан е во окото на бурата и е длабоко вознемирен од она што се случува долж неговата јужна граница, што е резултат на повторените израелски провокации и постојаното израелско кршење на резолуцијата 1701 на ОН, рече Микати.

Вчера либанското шиитско движење Хезболах соопшти дека истрелало ракети кон Израел. Израелската војска информираше дека одговорила на тие напади со напад на набљудувачка станица на Хезболах во јужен Либан, паралелно со нејзините напади врз палестинското движење Хамас во Газа.