Американскиот претседател Џо Бајден му ги укажал на својот кинески колега Си Џинпинг „последиците“ од каква било поддршка за Русија во нејзината војна против соседна Украина, соопшти денеска Белата куќа.
– Тој ги истакна импликациите и последиците доколку Кина и даде материјална поддршка на Русија додека врши брутални напади врз украинските градови и цивили, се наведува во соопштението на Белата куќа.
Бајден и Си денеска одржаа речиси двочасовен телефонски разговор.