сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Белгија испраќа уште 300 војници во Романија за поддршка на силите за брза реакција на НАТО

Белгија испраќа уште 300 војници во Романија за поддршка на силите за брза реакција на НАТО

Белгија наредните денови ќе испрати 300 војници за поддршка на силите за брза реакција на НАТО во Романија.

Мисијата на белгиските војници е една година. Белгиската група вклучува пешадија со оклопни возила, специјалисти за врски, артилерци, извидници и воени лекари.

Белгиските војници беа испратени во меѓународниот баталјон на НАТО во Романија под француска команда првите денови откако Русија ја нападна Украина минатата година.

Од почетокот на војната во Украина, Алијансата ги зголеми меѓународните баталјони од четири на осум на источното крило на НАТО.