четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Белгиска помош за Украина од даноци на замрзнати руски средства

Белгиска помош за Украина од даноци на замрзнати руски средства

Белгиската влада денеска објави дека ќе одвои околу 100 милиони евра за поддршка на Украина и нејзиното население, а тоа е помош од даночните приходи собрани на руските средства замрзнати во Белгија. Половина од парите ќе бидат помош во вид на оклопни возила, оружје, муниција, а првите испораки се планирани „многу наскоро“, се вели во соопштение.

Другата половина е наменета за цивилното население, за хуманитарна помош обезбедена во поголемите градови во координација со ОН и за „зајакнување“ на белгиското дипломатско присуство во регионот.

Белгија ќе отвори две дипломатски претставништва во Кишињев, Молдавија и Ереван, главниот град на Ерменија.

Од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, Белгија веќе и обезбеди на Украина околу 300 милиони евра воена и цивилна помош.