Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска ја распушти Владата, откако претходно најави дека нема да има радикални кадровски промени во извршната власт.
– Остар рез, замена на сите членови на Владата би била погрешна во овој момент, рече Лукашенко на состанокот со членовите на неговиот кабинет.
– Израсна нова генерација на лидери кои се покажаа добро и добро соработуваа во владата. Зошто да ги менуваме? Тие можат да работат, додаде тој.
Новиот состав влада сè уште не е објавен, а сега поранешниот премиер Сергеј Румас беше назначен на таа функција во 2018 година.
Претседателските избори се закажани за 9 август, а Лукашенко, кој е на власт од 1994 година, се очекува да освои шести мандат.