недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бербок со остра реакција до Лавров за повикот за соборување на украинската Влада

Бербок со остра реакција до Лавров за повикот за соборување на украинската Влада

Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок денеска остро го критикуваше повикот на рускиот колега, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров за соборување на владата во Украина.

-Повторно се покажа силниот презир на руското раководство кон демократската посветеност на Украина, рече Бербок во Прага.

„Никој веќе не може да тврди дека Русија размислува за ништо друго освен за целосно потчинување на Украина и нејзиниот народ“, додаде таа.

Лавров завчера во Каиро за првпат сосема отворено изјави дека Русија има намера да ја собори украинската Влада.

-Во секој случај, ќе му помогнеме на украинскиот народ да се ослободи од режимот кој е апсолутно антинароден и антиисториски, рече Лавров, додавајќи дека рускиот и украинскиот народ ќе живеат заедно.

Бербок во Прага се сретна со својата колешка Јана Липевски. Двете дипломатски разговараа за плановите за германско-чешката размена за испорака на оружје во Украина, како и за меѓународната соработка во борбата против шумските пожари во Националниот парк „Чешка Швајцарија“.