петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Берлускони на 85-годишна возраст активно се враќа во италијанската политика 

Берлускони на 85-годишна возраст активно се враќа во италијанската политика 

Силвио Берлускони, лидерот на екстремно десничарската партија „Форца Италија“, дел од десничарската коалиција, успеа да освои место во италијанскиот Сенат на вчерашните избори.

Осумдесет и петгодишниот Берлускони е избран од Монца, централна Италија. Таму тој е сопственик на локалниот фудбалски тим.

Станува збор за негова деветта изборна кампања. За неа, тој се придружи и на ТикТок, каде собра 600.000 следбеници на социјалната мрежа.

Пред девет години, Берлускони беше осуден за фискална измама, а дел од казната беше одредено време да не може да се кандидира на избори. Казната истече во 2018 година.

Берлускони, кој беше четири пати премиер на Италија, неодамна имаше и здравствени проблеми. Поради Ковид-19, тој беше хоспитализиран во септември 2020 година. (МИА)